Светлана Цеца Ражњатовиќ никогаш не криела колку нејзината сестра му дава смисла на нејзиниот живот, но овој пат таа одлучи до крај да ја отвори душата и да признае сè. Имено, на социјална мрежа Инстаграм, Цеца напиша многу емотивна порака покрај фотографијата каде е сликана со нејзината сестра.
“Најголемиот дар покрај децата кој можев да го добијам од Бога е сестра ми. Мојата Лидија, која ме поддржуваа и кога не сум во право, ме штити и ме прави силна во сите моменти од животот.
Смеа, солзи, среќа, тага и радост, и сè она што животот може да ми направи во текот на годините, сето тоа полесно го поднесов покрај неа. Ме миеше со љубов кога бев тажна, ме тера да се смеем и кога не е сè е најдобро. Без разлика колку е тешко, секогаш е најсилна“ – напишала Цеца и додава:
„Карпа. Строга, а пред се’ – правична. Личност што ги знае сите мои тајни и да се разбере кога ќе направам грешка, бидејќи на крајот на денот, сите сме луѓе и тоа ни се случува. Внимава на мене кога работите не се како што треба да бидат.