Апелациониот суд во САД го одби указот на претседателот Трамп со кој се забрани влез на патниците кој доаѓаат од седум држави со мнозинско муслиманско население.
По оваа одлука, Трамп се огласи на својот Твитер профил, на кој напиша „Ќе се видиме на суд. Безбедноста на нашата земја е во прашање“.
По оваа одлука на Апелациониот суд се огласи и Хилари Клинтон, која се исмеа на сметка на Трамп и напиша: „Само 3-0“, алудирајќи на судската одлука.