Мен Актив Doppelherz®: Подобрете ја својата потенција и одржувајте го своето либидо. Ослободете се од стресот на еректилна дисфункција! Мен Актив Doppelherz® помага во одржување на исполнувачки и постојан интимен живот. Мен Актив Doppelherz® содржи Мака, Жен-Шен, Готу Кола и Кофеин.
Мен Актив Doppelherz® содржи Магнезиум, Цинк, Селен и витамин Е, што се одлична поддршка на плодноста и одржување на здрава и долотрајна репродуктивна функција.
Men Active Doppelherz® делува на две нивоа, за кусо време. Кофеинот и Жен Шенот имаат стимулативно и енергизирачко дејство, Готу Кола ја подобрува периферната циркулација, што значи зголемена дистрибуција на крв во гениталиите, а Маката делува на метаболизмот на азотен оксидот што се ослободува по сексуалната стимулација и ја иницира ерекцијата. На долготраен план, Маката има позитивно влијание на расположението, го намалува стресот и така придонесува за поголема самодоверба. Маката содржи високи концентрации на аргинин, фитостероли, флавоноиди и танини, што имаат позитивен ефект на циркулаторниот систем, нервните импулси и квалитетот на спермата. Цинкот помага при постигнување на повисоко ниво на тестостерон, Селенот и витаминот Е се многу важни за формирање на спемата.
Многу е кажано и напишано за малите но значителни разлики помеѓу мажите и жените. Но, знаете ли дека и потребата од нутриенти кај мажите е различна од онаа кај жените, а сето тоа е базирано на нивната различна физичка конструкција?
Различноста во потребата за нутриенти е исто така резултат на различните навики во исхраната кај мажите и жените. Исхраната кај жените е повнимателно и поконтролирано организирана и жените некако водат повеќе сметка за здравата исхрана од мажите, кои едноставно преферираат да јадат она што им се јаде.
Всушност, испитувањата во врска со здравјето кај мажите покажуваат дека мажите многу често не се грижат за своето здравје. Само 73 проценти од мажите употребуваат овошје и зеленчук во секојдневната исхрана. Од нив, 66 проценти конзумираат месо и производи од месо секој ден. Приближно 93 проценти од жените, од друга страна, јадат овошје и зеленчук секојдневно, а од нив само 35 проценти внесуваат месо и производи од месо дневно.
Дневни потреби кај мажите и жените: Нутриент Маж Жена Magnesium 350 mg 300 mg Zinc 10 mg 7 mgVitamin B1 1,2 mg 1,0 mg Vitamin B2 1,4 mg 1,1 mg Vitamin B6 1,5 mg 1,2 mg На мускулите им е потрбен магнезиум.
Магнезиумот е витален, подеднакво и кај мажите и кај жените. Без магнезиум, многу од метаболитичките процеси не би работеле како што треба, или воопшто не би работеле. Овој минерал учествува во метаболизмот на енергијата, го стабилизира скелетот и игра значителна улога во пренесувањето на стимул од нервите до мускулите. И, секако, неопходен е за мускулните контракции.
Во случај на недостаток на магнезиум, мускулите може да контрахираат спонтано и да има спазми, грчеви, со неможност да се отпуштат. Една од најчестите манифестации на недостаток на магнезиум се грчевите во долниот дел на нозете. Генетски, мажите имаат поголема мускулна маса од жените. Ова значи дека потребите од магнезиум се поголеми кај мажите. Мажите, исто така, губат повеќе магнезиум од жените, како резултат на повеќе потење.
Секој што спортува треба да води посебна грижа околу внесувањето доволна количина магнезиум. Физичкиот напор може да придонесе во дисбаланс на кислородот во телото. Ако телото има недостаток на кислород, тоа продуцира лактат во мускулните клетки, кое што пак има влијание на нивната еластичност. Магнезуимот е неопходен за евакуација на лактатите од телото.
Селен – за продукција на сперма.
Селенот е неопходен за бројни процеси во метаболизмот. Познат е како одличен помагач на здравјето на клетките и поддржувач на имунитетот.
Кај мажите, дополнително има значителна улога во продукцијата на сперма, што значи – ја зајакнува плодноста кај мажите.
Продукцијата на сперма се намалува со возраста. Потребно е мажите да воведуваат исхрана богата со селен, што ќе биде одлична поддршка во нормалната продукција на сперма.
Селенот го има во месо, риба и јајца, но и во леќа и аспарагус. Но, почвата е многу осиромашена, заради бројни фактори, што придонесува за генерален недостаток на селен.
Цинкот е компонента на тестостеронот Цинкот е многу важна компонента за мажите, зашто тој е компонента на машкиот сексуален хормон, тестостеронот. Мажите кои се подготвуваат за потомство треба да го поддржат хормоналниот баланс со соодветна количина на цинк – цинкот учествува во одржувањето на нормалното количество на тестостерон, што придонесува кон нормална плодност.
Дополнително, тестостеронот влијае на развивањето на мускулното ткиво и во изградбата на мускулите. Повисокото ниво на тестостерон кај мажите е тоа што ги прави мажите помускулести од жените.
Мажите треба да ја дизајнираат својата исхрана со адекватно внесување на цинк (елемент во траги). Препорачливо е мажите да се снабдуваат со 15 мг цинк дневно. Извори на цинк се месото, млекото, мешункастите плодови и сончогледовото семе. Но, начинот на преработка на храната во индустријата, а и приготвувањето на храната, доведува до значително губење на цинкот во овие производи.