13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Повеќе македонски државјани во село до Благоевград од општина Македонска Каменица

Македонски државјани во голем број во соседна Бугарија односно во село Бело Поле во Благоевград.

Бугарските медиуми објавија многу интересен податок поврзан со најголемото изборно место во нашиот источен сосед. Се работи за селото Бело Поле, кое се наоѓа на само 5 километри од Благоевград. За време на последните избори во Бугарија, во селото што брои 650 луѓе биле регистрирани 10 илјади гласачи.

Основна причина за тоа, се огромниот број македонски државјани, кои имаат и бугарски државјанства и се регистрирани со адреса на живеење во ова благоевградско село.

Според материјалот објавен во бугарскиот весник 24 часа, излегува дека ова мало село во Пиринско има повеќе регистрирани македонски државјани во споредба со општината Македонска Каменица.

Во македонскиот град според последниот спроведен попис во 2002 година, брои 8110 жители. За жал поради фактот дека во Македонија веќе 15 години не е спроведен попис на населението, нема официјални податоци за тоа каква е ситуацијата во таа македонска општина.

Трендот на иселување од општините во источниот дел на Македонија е нешто, што треба да ги загрижи надлежните институции.

Делчо Гошев, во Делчево познат како „Делчо Транс“ 16 години помага за посредување на бугарско државјанство и добивање бугарски пасош. Тој за нашиот портал вели дека според неговите сознанија во Благоевград има сигурно над 30. 000 регистрирани Македонци.

„Во Благоевград сум сигурен дека има над 30. 000 регистрирани Македонци. Во село „Бело Поле“ тие сигурно се над 9. 000, а по неколку илјади има и во селата Логодаш, Рилци, Лешко Покровник и во неколку други села.

Иселувањето мислам дека нема да престане во блиска иднина, напротив, мислам дека се поголем број на Македонци ќе земаат бугарско државјанство. Јас во тоа не гледам ништо лошо, бидеќи според мене благодет е да се поседува и друго државјанство, особено бугарското, бидејќи со нив сме како браќа и тие се единствените кои во секој момент може да ни помогнат“, вели Гошев.

Тој вели дека покрај младите од 18-30 годишна возраст, Бугарски пасош земаат и постарите луѓе кои заминуваат во странство, гледајќи да заработат некој денар повеќе со кој ќе може да го прехранат своето семејство.

Во 2022 година ФАКТОР објави колку Македонци земале бугарски пасош откако Бугарија е членка на ЕУ. Прочитајте за ова повеќе на линкот ОВДЕ.

Македонците за бугарски пасош плаќале 1.000 евра, Косовците и до 5.000 евра, тврдеше сведок за БТВ – линк за овие информации ТУКА 

поврзани објави

Последни објави