Премиерот Зоран Заев не запира со својот оптимизам. Напротив, и покрај изјавата на францускиот претседател Макрон кој рече дека е категорично против проширувањето на ЕУ, македонскиот премиер рече дека Република Северна Македонија не бара веднаш да бидеме членка на ЕУ. Ние подразбираме добивање награда за сето она кое е сработено кај нас и дополнителен мотив за тоа што следува, додаде Заев.
Јас верувам дека во октомври ќе ја добиеме одлуката која сега е гарантирана преку заклучок, преку изјави на сите лидери, согласно внатрешната дебата од Франција, вклучително и на Макрон, рече премиерот Заев.
На маригните на конференцијата ЕУ-Западен Балкан во петок Заев ќе се сретне со францускиот премиер Едуард Филип, а фокус на средбата ќе биде отворањето на пристапните преговори со ЕУ. На конференцијата ќе биде присутна и германската канцеларка Ангела Меркел.
Прочитај повеќе вести: Мицкоски до Гертруд вoн дер Лејен: Заедно ќе работиме за интегрирање на мојата земја во семејството на ЕУ поради европската перспектива на целиот регион
Во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ сакам да Ви ја честитам номинацијата за нов претседател на Европската Комисија која треба да ја предводи Европската Унија во наредниот период. Убеден сум дека со Вашите човечки и професионални квалитети ќе оставите значаен белег во развојот на Унијата, надминувањето на предизвиците како и поблиско интегрирање на државите базирано на европските вредности, стои во честитката од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски до Урсула Гертруд вoн дер Лејен.
-Потпирајќи се на моите позитивни впечатоци од нашата средба во Скопје, убеден сум дека со истиот жар и посветеност ќе работиме за интегрирање на мојата земја во семејството на Европската Унија поради европската перспектива на целиот регион и создавање на оптимизам кај граѓаните и покрај сериозните пропусти, недостатоци во функционирањето на системот кои мора да се надминат, се потенцира и се додава:
„Ќе продолжиме со несмалена енергија да соработуваме и во рамките на сестринската Европска Народна Партија која со Вашето номинирање добива уште еден значаен сегмент и обврска во градењето на Европската перспектива на сите држави од Европа. Очекувам во блиска иднина да имаме можност за наша заедничка средба, која ќе даде силен импулс во односите и ќе биде во интерес на европската иднина на земјата“.