13.8 C
Skopje
Thursday, May 23, 2024
spot_img

Емотивна исповед на Лејди Гага: Бев гладна и смрдлива, но среќна

Кога ќе се тргнат на страна шпекулации за врската со Бредли Купер, последната година од животот на Лејди Гага е сон на секој уметник. Нејзината кариера припаѓа меѓу една од најголемите во поп културата, а таа е сопственичка на Оскар, Греми, Златен глобус и други модни награди кои засекогаш ја вброија меѓу ѕвездите.

Lady Gaga

Оваа година е првата жена која за Оскар е номинирана во категорија за најдобра актерка и најдобра песна. Оскарот го доби за најдобра песна, а во емотивниот говор порача дека не треба да се чудите на победата и дека не треба никогаш да се откажете од сонот. Лејди Гага клавир почнала да свири на четири години, а нејзиниот учител веднаш забележал дека се работи за талент.

Foto

Не сакав да се дружам со останатите деца. Моите родители поради тоа сметаа дека со мене нешто не е во ред, рече во една прилика.

Својата прва песна ја компонира на само 11 години, а по завршувањето на средното училиште се запишува на музичка академија. Таму и било досадно, па одлучила да се откаже од факултетот и да стане ѕвезда.

Татко ми плаќаше една година за да престојувам во еден влажен и лош стан. Ми кажа дека ако не успеам, ќе се вратам на факултет. Се преплашив. Тие месеци свирев по клубови. Заработував многу малку и постојано бев гладна. Често немав за сметки, па ми ја исклучуваа водата. Чувствував дека смрдам, но бев среќна, вели во една прилика.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img

Последни објави