3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Импресивна изведба на „македонско девојче“ од јапонки кои носат автентична македонска носија „Драчевка“

Седеле така Јонче Христовски, Кочо Петровски, Виолета Томовска и други македонски музичари, на 4 февруари во далечната 1867 година, на веселба по повод првиот роденден на малата Невенка. Одеднаш, низ муабет, им светнало дека никогаш немаат направено песна за македонското девојче, односно за убавината на македонската жена, па на самата веселба се зафатиле со компонирање. Песната прераснала во најубавиот можен подарок за мајката на малата Невенка – Виолета Томовска.

Во април истата година, Виолета Томовска и Кирил Манчевски премиерно ја изведуваат песната „Македонско девојче“. Песната „македонско девојче“ се пее сегде во светот. Покрај тоа што често можете да ја слушнете во Македонија, Бугарија, Србија и на целиот Балкан, песната можете да ја слушнете и во далечните земји како што се Јапонија, Кина, САД.

Posted by Yoshinari Murakami on Sunday, February 11, 2018

Оваа изведба е од Јапонки кои додека ја пеат „Македонско девојче“, играат македонско народно оро.

поврзани објави

Последни објави