4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Хан: Лидерите да ја демонстрираат демократската зрелост и да донесат квалитетна одлука за државата!

Откако во текот на вчерашниот ден одржа средба со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА, ДУИ, БЕСА и Алијансата, денес еврокомесарот Јоханес Хан беше на средба и со претседателот на државата Ѓорге Иванов, на која беше констатирано дека е неопходно што побрзо формирање на Влада.

Еврокомесарот во изјавата за медиумите рече дека на партиите им треба повеќе време за преговарање со цел да донесат одлука која е од интерес на државата. Тој рече, не се работи за брзина на донесување на одлуката, туку за квалитетот на одлуката.

Хан нагласи дека идната Влада треба да има програма базирана на Европските перспективи.

„Сега е времето кога треба да ја демонстрираат демократската зрелост. Ова е случај кога многу сум уверен“, додаде Хан.

 

поврзани објави

Последни објави