11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Од МВР се огласија по изјавата на Мицкоски дека тој е следен – еве што му порачаа

Министерството за внатрешни работи го демантира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој во интервју за ТВ Алфа изјави дека дека полициски службеници го следат од политички мотиви и подготвуваат негово апсење.

– Злоупотребата на МВР беше карактеристика токму на партијата чиј претседател е Мицкоски и токму поради тоа во изминатите две години во Министерството за внатрешни работи се спроведоа и во тек се реформи кои имаа за цел искоренување на незаконитите дејства, стои во денешниот демант од МВР.

МВР, се подлвекува, својата работа ја фокусира исклучиво кон сузбивање на сите облици на криминал, користејќи ги законските можности што му стојат на располагање.

Во демантот, МВР ја информира јавноста и дека на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, на негово барање, од минатата година му е доделено обезбедување од припадници на МВР.

поврзани објави

Последни објави