14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Тамара и пред 6 години испеа погрешна химна на фудбалски натпревар (ФОТО)

Тамара Тодевска, која синоќа на прием во Американската амбасада ја згреши македонската химна, ја испеа истата погрешна верзија на химната и на фудбалскиот натпревар на македонската репрезентација со Белгија во Скопје во март 2013 година, пишува САКАМДАКАЖАМ.мк

Како и на приемот по повод 4 Јули, американскиот Ден на независноста, евровизиската претставничка на Градскиот стадион пред 6 години испеа стара верзија на химната со стиховите „Старо младо машко и женско, на нозе се кренало!“ и „Не плачи Македонијо мајко мила, Крени глава гордо високо“, кои не се дел од официјалната верзија. Исто така, таа и тогаш ги прескокна стиховите „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!“ и „Горите Македонски шумно пеат, нови песни, нови весници!“.

Пејачката тогаш за „Вест“ рече дека не го згрешила текстот на химната, туку само ги избрала првата и последната строфа од текстот што го нашла на „Википедија“.

„Не се работи за никаква грешка. На ’Википедија‘, македонската химна е напишана во четири строфи. Во интерес на времето ми рекоа да изберам две строфи, јас ги избрав првата и последната. Токму на последната строфа имаше бура од врескање, значи дека на навивачите им се допадна мојот избор“, изјави Тамара во 2013 година за „Вест“.

Целата вест прочитајте ја на СДК.мк

поврзани објави

Последни објави