4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

И Зоран Заев се изјасни за ситуацијата со химната – еве што порача тој и како гледа на целиот настан

Тамара се извини за пропустот со македонската химна на синоќешната прослава на Денот на независноста во Амбасадата на САД во Скопје и тоа потврдува дека станува збор за ненамерна грешка, рече премиерот Зоран Заев. „Нашата ѕвезда се извини на ‘Фејсбук’, амбасадата исто. Тоа е пропуст. Химната се пее секој ден и секаде. Тоа потврдува дека е ненамерна грешка“, рече Заев.

Тамара Тодевска ја отпеа химната без строфата каде што се споменува Гоце Делчев и другите национални херои што предизвика бурни реакции во јавноста. Таа се извини и рече дека била понесена од емоции и од целокупната еуфорија и за жал, како што кажа, ненамерно изоставила дел од химната.

„Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка. Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од Амбасадата на САД. Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната. Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната. Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите. Со почит, Тамара”, напиша пејачката.

поврзани објави

Последни објави