-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Сцена од автобуска која го расплакала Балканот: „Оставаш нешто за што се живее“ (ФОТО)

Фотографијата на млад пар на автобуската станица во Тузла, пред три дена, предизвикала многу реакции на социјалните мрежи.

Со оглед на тоа што и многумина од Македонија биле присилени да заминат во странство бидејќи тука не можеле да најдат работа, има многумина кои се препознале во оваа глетка.

„Слика и глетка на млад пар во прегратка, прегратка после која следи разделба. Тој заминува во свет, заминува барајќи нешто што тука не го нашол. Ги остава својата жена и дете кое не е ниту свесно дека тато заминува, а тоа мало суштество вози кадифена играчка по станицата, тато ја прегрнува со росен поглед. Во глетката која траела неколку моменти има многу тестови кои не се положени. Паѓа на тестот она јакото машко, се прчи, за да на крај пушти солзи.

Всушност како да е битно колку си машко, оставаш нешто за што се живее, кому е битно колку си машко. Паѓа државата на тестот, онаа држава која треба сите да не прегрне за да сме на купче, онаа држава која треба да ви каже дека сте нејзини синови, дека вам ви е тука местото. Паднало сешто нешто, но ништо толку тешко како разделбата“, напишал авторот на фотографијата, Ирдин Бечировиќ.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2341266045966193&set=a.135592246533595&type=3

поврзани објави

Последни објави