3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Се сеќавате ли на Мирсада, која не знаеше како изгледа плажа, замина на море и упати моќна порака

Приказната за 16 – годишната Мирсада Хаџиќ ја крена на нозе цела Хрватска. Вози трактор, се грижи за кравите, коњите. Нема избор, бидејќи татко и е болен, а мајка и не може сама да постигне сѐ.

Она што оваа девојка ја издвојува од другите е тоа што таа во својата жртва за семејството не гледа ништо посебно. Приказната за оваа девојка ја објави емисијата „Провјерено“, а единствената желба на оваа млада девојка беше да го види морето.

„Таа започна да плаче. Ја прашаа што е нејзината желба. Им кажа дека има желба да оди на море, да го види песокот, да го види морето, бидејќи никогаш не била на море“ – раскажува Хамида, мајката на Мирсада.

По објавувањето на приказната се јавија луѓе кои на Мирсада и семејството им уплатиле летување во Макарска и ѝ ветиле дека од сега секоја година ќе ја носат на некое летување.

На својот профил на Инстаграм, Мирсада објави две фотографии од море и покажа како денес добрината на луѓето и понатаму е сила која може да оствари многу желби.

поврзани објави

Последни објави