3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Силјановска Давкова: Химна не се заборава, таму каде што нема химна нема ни држава

Силјановска Давкова потенцираше дека Заев и СДСМ не само што заборавиле што им ветиле на граѓаните, туку ја заборавиле и македонската химна, додавајќи дека химната не се заборава бидејќи химната без држава нема.

Не само што го забораваат ветено, политичкото туку го забораваат и минатото, ја заборавија дури и химната со која почна овој настан. Значи ја заборавија Струмица и цела Македонија. Химна не се заборава, химна секогаш се пее, зошто таму каде што е химната таму е и државата, таму каде што нема химна нема ни држава. Ама ја нема нивната држава, нашата е со нас и кога ја пееме и кога се радуваме на неа и кога плачеме со неа, рече Гордана Силјановска Давкова во својот говор.

Вака зборуваше професорката Гордана Силјановска Давкова пред граѓаните на Република Северна Македонија.

Прочитај повеќе вести: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски денеска оствари средба со Амбасадорот на Европската Унија во Република Македонија Самуел Жбогар.

На средбата се разговараше за актуелната политички ситуација, стратешките приоритети како и реформските процеси кои се клучни за остварување на стратешките цели на Република Македонија, информираат од партијата.

-Наш стратешки интерес и приоритет е членство во Европската унија. Но, изразуваме загриженост бидејќи имаме најслаб резултат во полето на реформите кои што се од суштинско значење за интегрирање на државата во ЕУ, затоа што оваа влада нема капацитет да ги спроведе потребните реформи, додаде Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Владата и Заев не покажуваат суштински интерес за отстранување на недостатоците поради кои државава не доби датум за преговори, и наместо реформи гледаме криминал, прогон и закани врз новинарите, опозицијата и сите неистомисленици на власта. Истакна и дека политичкиот прогон врз опозицијата е со цел да се дефокусира јавноста од вистинските проблеми со кои се соочуваат граѓаните, криминалните скандали кои се случуваат како и дека на Македонија и се потребни суштински реформи и функционирање на обвинителскиот и правосудниот систем според начелата на непристрасност и законитост, стои во партиското соопштение.

Фрапантна е незаинтересираноста на обвинителството за криминалот на власта, посочи Мицкоски, кој подвлече дека подеднакво загрижувачка е и економската состојба на граѓаните кои секојдневно се осиромашуваат од неодговорната влада.

поврзани објави

Последни објави