21.8 C
Skopje
Sunday, April 14, 2024
Платено политичко рекламирање

Светските конзервативци со осуда за Еди Рама: Фер и демократски избори се потребни веднаш

Алијансата на конзервативци и реформисти (АКРЕ) која после Интернационалната Демократска Унија (ИДУ) е втора најголема центар-десно глобална политичка фамилија, на својот последен состанок на извршното тело ги осуди изборите во Албанија и ги класифицираше како комунистички и анти-демократски.

Висок степен на криминал, купување на гласови, висок степен на корупција, недостаток на правна држава како и не превземање на никакви институционални мерки во однос на изборен криминал (меѓународно познат факт за Албанија), се само дополнителен доказ зошто Алијансата на конзервативци со целата политичка мрежа и групации вклучувајќи ја и ЕКР групата во Европскиот парламент, застанува зад поддршка на опозицијата во Албанија за организирање на фер и демократски избори.

АКРЕ во својата декларација повика на одржување на фер и демократски избори. На состанокот беа присутни делегати од македонските конзервативци, Стефан Василевски и Александар Богоевски.

Во прилог, одлуката на АКРЕ од нивниот последен состанок.

Foto

Македонските конзервативци велат дека од клучно значење е добивање на датум за преговори за Република Македонија и одделување од Албанија во нашиот евроинтеграциски пат.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави