21.8 C
Skopje
Sunday, April 14, 2024
Платено политичко рекламирање

Мајката останала без зборови веднаш по породувањето: Тврдела дека ќерката не е нејзина (ФОТО)

38. годишната Џудит Нвкоча од Нигерија се шокирала кога првпат ги видела своите близнаци. Момчето Камсија бил со црна боја на кожата, а на девојчето Качи и бил дијагностициран албинизам.

Џудит и нејзиниот сопруг осум години се бореле со неплодност, а кога конечно станале родители, луѓето не им верувале дека тоа се нивни деца.

„Бев во шок кога ги видов првпат. Мислев дека ми дале туѓо дете. Не верував дека е моја. Никогаш не ми дошло на памет дека би можела да родам албино дете. Никој во нашите семејства не е албино. Но, после тој почетен шок бев среќна што и двајцата се живи и здрави“, рекла Џудит и додала дека освен фактот дека е со поинаква боја на кожата, девојчето потполно наликува на неа.

Инаку, албинизмот е наследна состојба и ако и двајцата родители го носат тој ген постои можност нивното дете да биде родено со состојба која влијаела на Качи но не и на братот близнак.

„Повеќето луѓе не веруваат дека се близнаци. Косата на кКчи најмногу ги збунува. некој дури ме праша каде се нејзините родители. Гледам шок на нивните лица кога им кажувам дека јас сум мајката“, раскажала Џудит и додала дека никогаш поради тоа не се нашла во некоја незгодна ситуација.

„Не се сретнав со негативни реакции, секогаш ми кажуваат дека е убава. Иако во почетокот многу се грижев. Ми беше страв како општеството ќе ја прифати и третира. Сопругот и јас бевме дури и на советување за да можеме да научиме да се справуваме со албинизмот на нашата ќерка“, рекла мајката.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави