16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Еднаквост или сепак нееднаквост

Деновиве читам поделени мислења околу одржувањето на фамозната парада на гордоста. Сосема во ред е секој да има различно мислење на оваа тема. Други пак, си одржаа и своја традиционална парада. И тоа е во ред. Она што ме поттикна да ги напишам овие редови е една колумна објавена во Плусинфо од некој Ивор Мицковски, кој вели дека традиционалната парада е всушност говор на омраза, губење на моќта над поединци кои се борат за нивните права.

Во таа колумна, авторот изнесува тврдења дека постојат санкции за хомосексуалци. Нека наведе пример каде се случува тоа. Сите знаеме дека нашата држава правно не функционира баш најдобро, но, никаде, пред никој орган, правно не е досудена казна само затоа што некој е хомосексуалец. За дискриминација се сложувам, таа постои, но истата постои и кога некоја хетеросексуална жена е бремена и таа нема да ја добие работата за која аплицирала. За среќа, се уште немам слушнато пример каде некој добар кандидат хомосексуалец не ја добил работата, баш поради тоа што е хомосексуалец. Дискриминацијата постоела и ќе постои, но само кај поединци и истата не може да се поистоветува со цело општество. Вели дека само хетеросексуалците можеле да имаат деца, но никој не и забранил на никоја хомосексуална девојка да остане бремена ин витро доколку таа сака така. Да, ни во нашата држава не е тоа забрането. Ниту е забрането некој хомосексуалец да донира сперма доколку сака. Поинаков начин од добивање деца, освен со спојување на јајце клетка и сперматозоид немам слушнато. Природата е таква, ова не
е дискриминација.

Мое мислење е дека нема потреба ваквите паради да постојат и да се одржуваат бидејќи никој не ве прашува ниту пак ви се меша во спалната соба. Се што правите во неа е ваша приватност. Почитта која ја барате, веќе ја имате. Почитувајте ги и туѓите ставови како што ние ги почитуваме вашите. Не мора никој што негува традиционални вредности да ги погазува само да ви докаже дека не ве мрази, не ве дискриминира, ниту се плаши од вас. И за крај, не е важна етничка припрадност, пол, сексуална ориентација, боја на кожа, религија, доколку човекот е ЧОВЕК и придонесува за доброто на општеството. Да ја покажеме еднаквоста, а не да се вадиме дека припаѓаме на некоја група само да добиеме
поголеми права.

Автор: Марија Бојковска, Идеолошки и аналитички центар Конзерватив МК ЗАБЕЛЕШКА: Конзерватив МК соработува со втората најголема во свет центар-десно политичка фамилија чиј став за ова прашање е следен: ACRE recognizes the equality of all citizens before the law, regardless of ethnicity, sex or social class. It rejects all forms of extremism, authoritarianism and racism.

поврзани објави

Последни објави