23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Детали за изборите во Грција: Нова Демократија со 8 отсто предност пред СИРИЗА

Нова Демократија се очекува да ги добие парламентарните избори во Грција, со освоени 39.8 отсто од гласовите, а СИРИЗА е втора со 31.6 отсто, велат првичните официјални резултати од Сингулар Лоџик, грчка технолошка команија задолжена за изборите, пренесува Екатимерини.

Централно-десното движење за промени освои 8.3 отсто, грчката Комунистичка партија 5.3, Грчко Решение 3.7 и МеРА25 3.4 проценти од гласовите. Неофашистичката Златна Зора најверојатно не успеа да освои место во претставничкото тело.

Сингулар Лоџик на Нова Демократија и даде 158 седишта, а на СИРИЗА 86. Помалите партии ги делат останатите седишта во грчкиот Парламент.

Грчкиот премиер во заминување Алексис Ципрас му се јави на лидерот на опозицијата Кирјакос Мицотакис и му ја честита победата на парламентарните избори, кој се одржаа денеска.

поврзани објави

Последни објави