-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Viber најбезбеден за комуникација поради три причини

По проблемите на Facebook и Кембриџ аналитика со недозволеното користење лични податоци, другите социјални мрежи и апликации наоѓаат начини да ги осигураат своите корисници и да ја задржат нивната доверба.

Viber, една од најпопуларните апликации за онлајн повици и инстант пораки, испрати известување за бебедноста до своите корисници.

„Имајќи ги предвид неодамнешните случувања во врска со безбедноста на социјалните мрежи, ве потсетуваме зошто Viber е најсигурната апликација за праќање пораки“, стои во соопштението.

Од платформата во сопственост на јапонската компанија Rakuten наведуваат три причини:

„Viber не може да чита или прислушува ниту еден разговор или повик, благодарение на обостраното шифрирање. Во секое време можете да ги избришете вашите веќе пратени пораки од телефонот на примателот. Има опција за праќање на пораки со ограничено траење во тајни раговори.“

Извор: kajgana.com

поврзани објави

Последни објави