Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против 19. годишниот М.Г. од село Шемшево, поради кривично дело „приредување на игри на среќа без лиценца“.
М.Г. во текот на оваа година си отворил обложувалница без фирма и без издадена дозвола од надлежен орган. Поради тоа, на 17 јануари полициски службеници заедно со службениците од УЈП извршиле контрола, поради што била поднесена кривична пријава.
Во самиот објект на лице место била затекната опрема за потреби на една спортска обложувалница, па веројатно истите ќе бидат конфискувани.