Наместо да купувате најразлични средства и детергенти, доволно е да искористите некои од природните кујнски производи кои ги имате во домот. Оцет. Пред да ја ставите облеката за перење натопете на дамката малку оцет. За поголеми дамки, додајте и повеќе оцет. Оставете да го впие во текот на ноќта, па исперете ја.
Пиво. Истурете пиво врз дамката на тепихот и лесно тријте го, додека не исчезне дамката. Ако е тврдокорна повторете ја постапката неколку пати, додека целосно не ја отстраните дамката. Откако ќе ја отстраните, местото поминете го со млака вода и малку детергент.
Трето. Сол. Засушените дамки кафе најлесно може да ги отстраните ако на сунѓерче ставите малку сол и лесно триете. Ако не се исчисти, додајте малку оцет и обидете се повторно. Мерката и на солта и на оцетот треба да биде отприлика еднаква. Истата постапка може да ја примените и при чистење на дамките од црно вино.
Четврто. Прашок за печиво. Дамките од кафе кои остануваат на порцеланските филџани, може да ги исчистите со прашок за печиво кој со својата зрнеста структура ќе ја собере сета нечистотија и ќе ѝ даде посебен сјај. Може да го посипете и на облека на која ви се истурило кафе, за полесно да се испере.