2017та година беше најлоша година според бројот на родени Македонци – само 11.260, но по се изгледа дека тоа не беше дното. Според податоците излезени минатиот месец, бројот на родени Македонци во Република Македонија е само 10.862. Никогаш помалку
родени немало во историјата! Уделот на Македонците во вкупниот број на родени во Македонија е 50.9%, еден од најниските забележани во историјата.
На Македонија и се заканува права демографска катастрофа. Веќе во првите 4 месеци од 2019та година имаме за цели 940 деца помалку родени во однос на историски најлошата 2018-та година. Извор на податоци: Државен завод за статистика. Наслов: Северна Македонија во бројки.
Издание: 2019та година. Линк ОВДЕ
Слика на графикот: Живородени деца според припадноста кон етничка заедница на мајката и на таткото, 2018 година.
Аналитичкиот центар при политичката организација Конзерватив МК, најави дека во текот на периодот ќе објави прва публикација во однос на наталитет и неговата поврзаност со сите образовни струки.
Пишува: Стјепан Покупец – идеолошки и аналитички центар Конзерватив МК Извор на податоци: Државен завод за статистика.