27.8 C
Skopje
Saturday, June 15, 2024

ДЕМАНТ и јавно ИЗВИНУВАЊЕ до г-ѓа Н. Р

Согласно барањето на г-ѓа Н.Р, за која имаме споделено текст со наслов „(ВИДЕО) Стара жена и прави магија на невестата среде моминска – Камерата ја фати на дело?“, ние од порталот „Поглед“ упатуваме јавно извинување до г-ѓа Н. Р за објавувањето на текстот и најостро демантираме дека истиот е споделен со намера да и наштети на честа и угледот на г-ѓа Н.Р и нејзиното семејство. Изразуваме жалење што наседнавме на текстот кој е преземен од порталот „Газета Експерес“, а кој истовремено беше споделен од повеќе медиуми во државата со ист наслов. Текстот е целосно, од збор до збор преземен со извор од порталот кој за жал ја објави содржината за г-ѓа Н.Р. Воедно, укажуваме дека текстот е целосно повлечен од нашиот портал.

Свесни дека сме погрешиле, упатуваме извинување и изразуваме жалење и притоа сакаме да и укажеме на оштетената дека жалиме за споделувањето на текстот. Повторуваме дека текстот не е наш, т.е истиот е преземен од порталот „Газета Експрес“ и од други портали кои го цитирале истиот медиум.

Истовремено, упатуваме апел до сите други портали и медиуми кои го објавиле текстот со кој и се наштетило на г-ѓа Н.Р, да го повлечат текстот и да упатат јавно извинување до неа и нејзиното семејство.

поврзани објави

Последни објави