Ова е прв одлучен и жесток удар против „бомбашкиот рекер“, вели новинарот и уредник Бранко Героски откако излезе информацијата за приведувањето на Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Зоки Кичеец.
Како што веќе објавивме, според информации од истрагата, приведувањето е за случај за рекет.
– Акцијата на органите на прогонот е прв одлучен и жесток удар против „бомбашкиот рекет” во Македонија. Иако се уште ги очекивам детаљите од истрагата, се сомневам дека тоа е причината и за оставката на специјалната обвинителка Катица Јанева. Како што е познато, јас веќе со недели водам своевидна медиумска војна со ова зло, поради што бев изложен на многубројни навреди и атаци. Сето тоа ќе се заборави. Сега ги повикувам жртвите на случаите на рекет и изнуда храбро да сведочат и да му помогнат на Обвинителството да го документира случајот. Доста молчевте, господо бизнисмени, додека безобѕирно ве толчеа. Со или без путер на главите, време е да пеоговорите. Апелирам и моите колеги новинари да го прекинат заветот на молчење. Отворете уста, колеги, време е. Ајде нека дојде сега до израз вистинското истражувачко нивинарство. Првиот што ќе се охрабри јас лично ќе го предложам за европската награда за истражувачко новинарство – вели Героски.
Тој на Плусинфо објави низа колумни во кои пишуваше за случаи на рекетарство од лица од медиумскиот бизнис и политичари од владејачките структури, по што Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага по допрен глас. Героски во неговите колумни пишувше за „Коки“ и „Кики“, измислени имиња за вистински ликови кои вршат рекет и уцени.