16.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Заев закажува лидерска средба, ВМРО-ДПМНЕ вели: Лидерската ќе се оствари само под еден услов

Не сака предвремени избори, но закажува лидерска средба в петок со три точки на дневниот ред: Договор за нов Изборен законик и за нов изборен модел, Договор за законот за СЈО и постигнување консензус за реализација на успешен попис. Премиерот Зоран Заев не ја прифати фрлената ракавица од ВМРО-ДПМНЕ, со образложение дека во наредниот период приоритет број еден ќе биде економијата, но сепак, како што рече, подготвен е да разговара за тоа прашање доколку опозицијата го стави на маса на лидерската во Клубот на пратениците.

– Останувам на ставот за одржување на редовни избори. Најрано што би прифатил изборно соочување е октомври 2020-та. Секој датум претходно ќе значи губење на време за напредок во економијата – изјави премиерот на денешната прес конференција во Владата.

Од ВМРО-ДПМНЕ веднаш одговорија дека лидерската средба има смисол само доколку прва и единствена точка на дневниот ред бидат токму предвремените избори.

Димче Арсовски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ: -Во однос на лидерската средба веќе и претседателот Мицкоски се изјасни. Ние сме децидни дека на таа лидерска средба како прво и единствено прашање мора да се разговара како прва точка за предвремени парламентарни избори.

Прочитајте повеќе на Алфа

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави