Паралелно, со распитот на осомничените, обвинителите од обвинителството за органзиран криминал вечерва вршат претреси и во телевизијата 1 ТВ и во домот на родителите на Јовановски, информира Канал 5 телевизија. Како формален сопственик на телевизијата се води таткото на Бојан Јовановски.
Како што информира телевизијата, се врши претрес и во домот на родителите на Бојан Јовановски.
Бојан Јовановски познат како Боки 13 вечерва во придружба на полиција беше донесен во Кривичниот суд каде треба да започне распитот за него и за Зоран Милевски-Кичеец. Двајцата се осомничени дека зеле 1,5 милиони евра како награда за да влијаат врз јавен обвинител за да запре истрага против едно лице. Обвинителот врз кого требале да влијаат се уште е на работното место.