Режисерот Дејан Миличевиќ објави фотографија од пејачката Јелена Карлеуша во болнички кревет, а во опис на фотографијата напиша „Шок состојба“.
Со оглед на фотографијата и тоа кој ја објавил, според фановите, веројатно се работи на нов спот за нова песна на Карлеуша, која го носи токму насловот „Шок состојба“. Според други, пак, ова е дел од кампања.
Она што е сигурно е дека Карлеуша успеа да ги размрда повторно своите фанови.
Можеби ќе ве интересира: Фото: Карлеуша во ленти на сцената, публиката во транс
Српската пејачка Јелена Карлеуша во супер провокативно издание настапи на музичкиот фестивал „Влез“ во Белград. Атрактивната пејачка облечена само во бели кожни ремени ја воодушеви публиката на Белградскиот саем.
Публиката беше во транс секогаш кога популарната Џеј Кеј ќе заиграше со разголениот задник.