Бујар Османи од ДУИ денеска коментирајќи ги апсењата кои се случија вчера, вели дека ДУИ се разочарани од апсењето за случајот „Рекет” и дека како партија се против селективна правда.
-Ние сме против селективна правда. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, постојано го повторувал тоа, изјави денеска Османи, по апсењата вчера.
За Специјалното јавно обвинителство Османи вели дека институциите треба да го истражат случајот, а долго најавуваниот ветинг е едно од решенијата за кое ќе зборува на лидерската која за во петок ја најави премиерот Зоран Заев на прес-конференција.
Инаку, на Боки 13 како осомничен во случајот му е одреден триесетдневен притвор, како и на Зоран Милевски, за изнудување пари.
Извор: Лидер