14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Заев: Дајте ми број од Ел Чека, сакам да го прашам – чекај бе пријател зошто ти објавуваш за Ахмети, а не објавуваш и за мене?

„Ако имате некој телефон дајте ми од тој, како се вика, Ел Чека да му се јавам да го прашам: -Чекај бе пријател зошто ти објавуваш за Ахмети, а не објавуваш и за мене?

Еве јавно нека објави и за мене, апсолутно сум транспарентен човек и сериозноста треба да биде овде. Еве пак ви кажувам нека објавува за секој што мисли дека треба да објавува, и треба да знае дека има одговорност, дека постои закон и кривично се одговара за тоа. Приватноста да е заштитена а овој човек не води грижа за таа работа, треба да одговора и кога тогаш ќе одговара.

Светот е глобално село и ќе одговара, дали треба да го мотивирам и за мене да објави? Ќе одговара, кога-тогаш ќе одговара. Така да ако има нека објавува сега. Еве дирекно од премиерот му е, ќе одговара”, му порача Заев на Ел Чека на прес-конференцијата одржана пред новинарите.

Повеќе вести: Заев за предвремени парламентарни избори: Желби нема да исполнувам!

Лидерската средба останува, се надевам ќе биде присутен Христијан Мицкоски. Очекувам да се појави, бидејќи тоа е негова одговорност. Ние може да седнеме да разговараме, не мора да се договориме. Но, што треба да направиме, да го одлож име пописот уште десет години?

Пописот ѝ треба на државата како леб, за секакви политики, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Во врска со инсистирањето на Мицкоски за предвремени парламентарни избори, Заев вели дека треба да се разговара за Изборниот законик.

Вели предвремени избори, човеку дај за Изборен законик да се договориме прво. Не го сфаќам, не гледал при чина. Еве бара предвремени избори, дојди за Изборен законик да разговараме. Немам намера да исполнувам желба за предв ремени избори иако знам дека ќе поб едам. Но, не сакам да наш тетам на економските персп ективи на државата, изјави Заев.

поврзани објави

Последни објави