Новинарот Бранко Героски кој долго време пишуваше за рекетарство врз бизнисмени, во изјава за ТВ21 вели дека во целиот процес биле вклучени многу друга лица, но и дека не станува само збор за вршење на рекет, туку и за перење на пари.
Има работи кои допрва ќе се разоткријат. Треба да се разоткријат врските меѓу двајцата осомничени со уште барем пет – шест лица, според моја проценка. Мислам дека тие врски ќе доведат до нови основани сомненија за вмешаност на други луѓе во овој бомбашки рекет, во овој милионски рекет. Мислам дека обвинителството ќе дојде до фаза дека станува звбор за злосторничко здружение.
И не е само во прашање рекет, во прашање е и сериозно перење на пари во кои се замешени многу други лица – изјави Героски за ТВ 21. За сите информации за и околу неговите ставови искажани во интервјуто можете да прочитате ОВДЕ