3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Премиерот Заев одговори на фрлената ракавица од Мицкоски за предвремени парламентарни избори

Премиерот Зоран Заев денеска имаше прес-конференција пред новинарите, а пред само 2 дена повика на одржување на лидерска средба во петок во 15 часот во Клубот на пратеници. Покана беше упатена до лидерот на ДУИ Али Ахмети, лидерот на Алијансата за албанците Зијадин Села и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Премиерот информираше дека дал три теми за средбата, пописот, нов изборен модел односно законик, како и за законот за јавно обвинителство и СЈО. Од ВМРО-ДПМНЕ веќе одговорија дека нивниот лидер Мицкоски нема да учествува на таа средба, бидејќи како што рекоа, прва и единствена тема за која тие може да разговараат со премиерот Заев на лидерска средба се евентуални предвремени парламентарни избори.

На овој став на Мицкоски одговори и премиерот Заев. Еве го неговиот одговор:

„Немам намера да исполнувам желби за предвремени избори, иако знам дека ќе победам. Мицкоски бара избори, па еве нека дојде на лидерската средба за Изборен законик да зборуваме. Јавното обвинителство не е мое, тоа е на сите што се бориме за правна држава. Мицкоски вели ќе го направи пепел СЈО. Зошто, оти се води истрага против високи членови на ВМРО-ДПМНЕ? Попис само ние и Сомалија немаме направено, да чекаме ли уште 10 години?“,

поврзани објави

Последни објави