17.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Зошто не треба да ја употребите аплицкацијата FaceApp – еве што ќе направи со вашите податоци

Виртуалниот трент кој овие денове кружи по социјалните мрежи е апликацијата FaceApp која користејќи ваша сегашна фотографија и вештачка интелигенција создава фотографија која покажува како би изгледали на возрасни години.

Она што не го знаат корисниците е следното: Со самото инсталирање и активирање на апликацијата таа може да пристапи до вашите фотографии, да ги зачува и да користи фотографиите од вашата галерија, без ваша дозвола!

Дополнително, за да ја создаде вашата фотографија на постара возраст, вие дозволувате на апликацијата правата таа да ја поседува вашата фотографија, да ја објави и да ја користи во целиот медиумски простост без вие да имате право да се противите или забранувате.

И тоа не е се. Со инсталирање и користење на апликацијата вие се согласувате вашите фотографии да останата во сопственост на апликацијата, за што нема да ви платат никаква компензацијата. Апликацијата има право да ги зачува вашите фотографии иако вие ќе ја избришете апликацијата во некој момент.

Она за кое експертите стравуваат е дека оваа апликација ја скенира вашата слика и ја поврзува со фејбук профил при што собира дополнителни информации за вас како онлајн корисник.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави