4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Што мисли Јелена Карлеуша за Александар Вучиќ? – хушкач србин на србин, го дели народот за ја задржи фотељата

Една од најпопуларните балкански ѕвезди Јелена Карлеуша во последните неколку години е една од ретките личности кои се наоѓаат во центарот на вниманието во сите балкански медиуми. Имено, дел поради својата харизма, дел поради својата аргонтност, пејачката знае да го привлече вниманието на јавноста, а со тоа и да си ја крене цената.

Пред неколку месеци таа за жал ја изгуби својата мајка, а загубата ја поднесе многу тешко. Карлеуша сепак успеа да се врати пред малите ТВ екрани, а за тоа нормално и требаше поддршка од нејзините најблиски. Пејачката во минатото знаеше често да го критикува Вучиќ, а што мисли таа за него говори овој нејзин статус:

На Вучиќ најмногу му замерувам што го дели српскиот народ. Што хушка србин на србин. Во јавните негови настапи тој зборува ТИЕ и НИЕ. Ние претседателе сме еден ист народ! Ти како претседател и наш водач правиш злочин против својот народ ако го делиш само за да си ја задржиш фотељата.

Јас, како јавна личност морам да застанам против тоа. Жал ми е што моите колеги како и секогаш – молчат, стои во фб објавата на Карлеуша.

поврзани објави

Последни објави