Неформалниот сопственик на 1ТВ Бојан Јовановски кој доби 30 дневен притвор откако е осомничен за рекетирање на познат бизнисмен, во своето последно интервју токму за својата телевизија 1ТВ рече дека е свесен дека е трн во окото на многумина бидејќи 1ТВ бил влијателен медиум.
Тој тогаш упати интересна порака: Да не заборават тие што сакаат да го дискредитираат моето име, да ме стават во контекст на некакви криминални дејствија и се останато, дека еден од клучевите од пандорината кутија е во моите раце.
Во истото тоа интервју Бојан Јовановски зборуваше и за бизнисменот Орце Камчев кој имал соработка со неговата телевизија. Еве што кажа Јовановски во ова интервју:
Јас Јордан Камчев го познавам долги години, во изминатата година соработуваме, се рекламира на оваа телевизија. Мене како негов медиумски застапник не ми е забрането да се гледам со него. Јас сум се гледал со него кога излезе од притвор за случајот „Империја“. Околу фамозните приказни за куферчиња ги отфрлам целосно како невистинити. Во однос на тоа дали ме снимал Јордан Камчев тоа си знае најдобро Јордан Камчев. На прашање на новинарката што доколку го снимал, Јовановски рече: Ништо, доколку има такво нешто прво е направено незаконски, тоа е кривично дело, доколку дојде до такво нешто, во свое време ќе го дадам соодветниот одговор.
Погледнете го одговорот на Јовановски на 35. минута од интервјуто.