Агенцијата за аудиовизуелни медиуми (АМА) на Албанија го предупреди албански јавен радиодифузер РТСХ за емитување песни од пејачката Цеца Ражнатовиќ, сопруга на починатиот Жељко Ражнатовиќ- Аркан, во програма која била наменета за песни на малцинствата.
Агенцијата ги забрани спотовите на Цеца затоа што таа постојано држеше антиалбански протести против Косово и дека нејзините песни, како што тврди, “ги инспирираа злосторствата во Босна и Херцеговина и Косово”, објавија албанските медиуми.
Повеќе вести: Централниот одбор на СДСМ вечер во 18 часот ќе одржи седница во партиското седиште
Од СДСМ соопштија дека седниците на Централниот одбор се работни и најавија дека за заклучоците и одлуките на ЦО ќе ги информираат медиумите по завршување на седницата.
На последната седница на ЦО на СДСМ во Охрид, меѓу останатото, беа избрани нови членови на Извршниот одбор, организациски секретар, како и нови членови на ЦО.