-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Арсовски: Туфекџиќ и Богоевски се типичен пример за лажниот морал и лицемерието на СДСМ и Сорос

ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција ја посочи Ивана Туфекџиќ дека како невработен студент донирала 118. 000 денари на СДСМ. Во продолжение соопштението од партијата.

Туфекџиќ и Богоевски се типичен пример за лажниот морал и лицемерието на СДСМ односно Сорос. Едно кажуваат, друго прават.

Зборуваат за борба против криминалот, а поддржуваат партија што го измисли и промовираше организираниот криминал. Лажат дека се невладини активисти, а тие всушност одработуваат за СДСМ.

Го критикуваат здравството и злоупотребуваат туѓи судбини, а парите ги даваат во партијата што инвестираше во бисери и ѓердани наместо во медицинска опрема и нови болници. Соросовите медиуми ја лажеа јавноста со приказната дека Туфекџиќ и Богоевски се активисти кои се борат за студентите и младите, а тие всушност донираат илјадници евра на партијата која не изгради и не реновираше ниту еден студентски дом во Република Македонија.

Устите им се полни со зборови како демократија, слобода, борба за правда, а парите кои ги земаат за тоа, ги даваат во партијата водена од двојно аболициран криминалец, кој на очиглед на целата јавност бараше поткуп од струмичките бизнисмени.

Туфекџиќ и Богоевски наводно се грижат за граѓаните, а всушност донираат илјадници евра на партијата која се залага за виткање на кичмата, избрка од работа над 200.000 граѓани и затвори околу 700 фабрики.

Туфекџиќ, Богоевски и Лидија Димова, се најдобар пример како функционираше Сорос односно СДСМ и како нивниот патрон Владе Милчин го уништи невладиниот сектор.

Според насоките на нивниот ментор Милчин, дење се нарекуваат цивили и активисти, а навечер седнуваат во скутот на аболицираниот криминалец Зоран Заев.

Овие луѓе се најдобар показател зошто на Република Македонија и е неопходен процесот на десоросоизација.

поврзани објави

Последни објави