4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

СДСМ: Уште во првите шест месеци ќе се посветиме на борбата против огромната сиромаштија!

СДСМ денес во своето соопштение даде ветување дека уште во првите шест месеци ќе се посвети на борбата против огромната сиромаштија.

„Уште во првите шест месеци од формирањето на новата Влада ќе се посветиме на борбата против огромната сиромаштија.

За никогаш повеќе да нe се повторат сликите на премрзнати граѓани во студени домови, најзагрозените семејства ќе добиваат енергетски вауери.

Со енергетските ваучери, овие семејства ќе можат да ги плаќаат сметките за електрична и топлнинска енергија. Енергетскиот ваучер значи дека државата покрива дел од трошоците за струја и затоплнување, за природен гас или за огревни дрва.

Ваучерите ќе бидат достапни за граѓаните кои ќе бидат опфатени со новиот Закон за енергетска сиромаштија.

Она што е исто така новина е дека ќе бидат едноставни и достапни за сите процедурите и постапките за стекнување право за користење на оваа поддршка од државата.

Енергетските ваучери се меѓу приоритетните мерки во Планот за живот за првите шест месеци од мандатот, со коишто обезбедуваме достоинствен и квалитетен живот за сите.

Поради нискиот животен стандард и високите цени на огревното дрго и електричната енергија, илјадници граѓани оваа зима едвај ги преживуваат зимските денови. Недозволиво е во 21-иот век да умираат луѓе поради студ, или бебиња да се раѓаат и да живеат во темни домови. Македонија е социјална држава според Уставот и државата е должна да се грижи за сите граѓани.

Затоа, итно е потребна нова Влада на граѓаните на Македонија којашто ќе води реални политики и ќе работи во интерес на граѓаните.

Од оваа 2017 година почнуваме да го создаваме животот што го избравме“, се вели во соопштението на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави