16.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Заев на прес во Влада потврди: СЈО заминува во историјата

СЈО како структура се интегрира во ОЈО и добива нов назив Јавно обвинителство за гонење на висок криминал и висока корупција и ќе има надлежност на целата територија на Република Северна Македонија, рече премиерот Заев на денешната прес-конференција со што потврди дека тие имаат предлог СЈО да добие нова форма.

Сите случаи кои се пред судовите за кои СЈО е надлежно согласно закон, ќе ги продолжи новото ЈО. Сите обвинители, архивата, материјалите и опремата преминуваат во новото обвинителство. Ова ЈО ќе ги има клучните гаранции за вршње на новата функција.

Владата и Собранието нема да можат да го менуваат предложениот финансиски план и се должни да обезбедат финансии за непречена работа на новото ЈО. Јавните обвинители од ова обвинителство нема да можат да вршат јавни функции во друго јавни обвинителства. Никој политички фактор не може да влијае врз работење на првиот човек на новото ЈО, а оттука и за негова смена.

Откако обвинителката Катица Јанева ја депонираше оставката, не гледаме никаков изговор од опозицијата да избегнува договори за ова прашање, освен ако не планира и понатаму да заштитува некој криминал и да работи спротивно на интересите на својата држава. Време е да ги заокружиме реформските приоритети за да наесен се претставиме како земја која ги затворила сите прашања и да добиеме датум за старт за преговорите со ЕУ. Овој закон е поважен за целокупната јавност, за државата заради тоа што буквално го покрива пола од правосудниот систем од Северна Македонија. Ги повикувам пратениците да го проследат предлогот и да ја гарантираат правната држава. Исклучително значајно е да покажеме дека народните претставници го препознаваат моментот кој бара да ги оставиме политичките разлики настрана.

Една од темите за кои требаше да се зборува на лидерската средба е и промена на изборниот модел односно изборниот законик.

поврзани објави

Последни објави