3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Позната заменичката на Катица Јанева

Специјалното јавно обвинителство и целата негова структура се трансформира во Обвинителство за организиран криминал и корупција, истото ќе се интегрира во ОЈО, а нова шефица ќе биде обвинителката Вилма Рускоска. Новото име на оваа институција ќе биде Обвинителство за организиран криминал и висока корупција.

Ова е новиот предлог-закон кој Владата самостојно го подготвила и планира во понеделник да го достави до Собранието и до другите политички партии.

Сите случаи кои се пред судовите за кои СЈО е надлежно согласно закон, ќе ги продолжи новото ЈО. Сите обвинители, архивата, материјалите и опремата преминуваат во новото обвинителство. Ова ЈО ќе ги има клучните гаранции за вршње на новата функција, рече премиерот Заев на денешната прес-конференција во владата.

Владата и Собранието нема да можат да го менуваат предложениот финансиски план и се должни да обезбедат финансии за непречена работа на новото ЈО. Јавните обвинители од ова обвинителство нема да можат да вршат јавни функции во друго јавни обвинителства. Никој политички фактор не може да влијае врз работење на првиот човек на новото ЈО, а оттука и за негова смена, додаде Заев.

Во однос на ова, Заев рече дека опозицијата нема никаков изговор да избегнува договори за ова прашање, освен ако не планира и понатаму да заштитува некој криминал и да работи спротивно на интересите на својата државата.

поврзани објави

Последни објави