Полицијата вечерва во Охрид извршила заплена на неколку скапи патнички возила и пловни објекти, пренесува порталот Скопје1 повикувајќи се на извори во МВР.
Заплената е на барање на Јавен обинител, по претходно издадена наредба од Судија на претходна постапка.
Возилата се сместени во кругот на охридската „Касарна“ и остануваат во заплена до крај на истрагата во која се опфатени.
Според првите информации возилата се одземени во рамки на истрагата “Рекет“ во кој се товарат Бојан Јованоски ( Боки 13 ) и Зоран Милески – Кичеец за изнуда на рекет од бизнисмени.
Извор: Скопје1.мк