-0.2 C
Skopje
Sunday, January 12, 2025

Пендаровски држи цврст став: Ако Заев заврши зад решетки, немам намера да го помилувам

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио слободна Европа вели дека се залага за помирување, а на забелешките на ВМРО-ДПМНЕ дека помирувањето го сфаќа како амнестија за премиерот Заев и неговите, вели дека нема намера да го амнестира Заев или неговите блиски, ако сториле криминал. Пендаровски вели и дека со изјавата за Гоце Делчев ја засилил македонската преговарачка позиција.

Претседателе која е вашата перцепција ќе добиеме ли датум за преговори во октомври?

– Моите први две посети надвор, откако стапив на функцијата, беа во Брисел, каде што имав средби со највисоките функционери на досегашната Европска Комисија и Европскиот Совет. И потоа посета на Берлин, каде што имав средба со највисоките германски претставници, вклучително и со германскиот претседател Штајнмаер. Од најрелевантни места добив уверувања дека одлагањето во Германија е од чисто технички причини и дека нема политички причини во позадината, како што имаше шпекулации и кај нас и во дел од меѓународниот печат, односно медиуми. Исто така информациите кои до овој момент ги имам е дека во моментов не постои ниту една европска држава, ниту една земја членка на ЕУ, ниту една европска влада која има став дека Република Северна Македонија не треба да почне со преговори до крајот на годината.

Од дипломатски извори се наведува дека е можна варијанта на условен датум за преговори. Имате ли такви информации?

– Не, нема таква варијанта. Ова што се случи сега наместо во јуни како што самите тие од Европа ни ветија на софискиот Самит, ова што се случи е одложување од технички причини, не би сакал да зборувам за нови одложување од технички причини, меѓутоа само такво нешто е можно во правна и во политичка смисла, не и одложен датум.

Целото интервју прочитајте го на РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА.

поврзани објави

Последни објави