Новинарот Бранко Героски, кој со месеци наназад пишуваше за лицата инволвирани во случајот на Јавното обвинителство, „Рекет“, му одговори на поранешниот генерален секретар и актуелен пратеник на владејачката СДСМ, Александар Кирацовски, кој изјави дека: „Геро има таму изнапишано разно-разни глупости„.
„Кирацовски: “Геро има таму изнапишано разно-разни глупости, како да ти кажам”. Хммммм… И јас така, си пишувам глупости, оти немам попаметна работа…“, напиша Героски на својот Фејсбук профил.
Претходно, Героски исто така сподели и објава, на која само кратко и јасно напиша: „Ај в понеделник ќе ви кажам кои се Фрики и Кики“.
Под будно око го чекаме утрешниот ден и конечно јавноста со име и презиме да ги дознае фамозните Фрики и Кики.