Новинарот и главен уредник на порталот ПЛУСИНФО Бранко Героски во напис објавен токму на ПЛУСИНФО, упатува јавна порака до Фрики и Кики, за кои што пишуваше во своите текстови, а за кои вели дека се вмешани односно му овозможувале на „Коки“ да остварува контакти при неговите рекетарски обиди.
Фрики и Кики се вистински ликови, високо позиционирани во СДСМ и во власта. Тие се блиски до ликот кого јас го именував како Коки и за чии рекетарски подвизи пишував со езоповски јазик, во неколку продолженија, пишува Героски и притоа додава:
Ниту сум напишал ниту тврдам дека Фрики и Кики рекерирале и дека лично се офајдиле од рекетот. За тоа не знам. Тоа треба да го провери истрагата. Но, неспорно е дека и Кики и Фрики му овозможувале на Коки да остварува контакти при неговите рекетарски обиди, а тој ја (зло)употребувал блискоста со нив, но и со други луѓе во СДСМ, за да биде поуспешен во своите походи.
Целиот текст можете да го прочитате на порталот ПЛУСИНФО на следниот линк ОВДЕ
Прочитајте повеќе вести: Во Скопје санкционирани се повеќе од 300 возачи.
Во периодот од 06.00 до 24.00 часот на 20.07.2019, при контролата за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната, констатирано е дека 38 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а откриени се и 108 останати прекршоци.
Во периодот од 20.00 на 20.07.2019 до 01.00 часот на 21.07.2019, при контролата за прекршоци од возачи на мотори, откриени се 35 прекршоци. Откриени се и 55 останати прекршоци.