Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите што во емисијата „Код“ на ТВ Телма ги изнесе директорот на АВМУ Зоран Трајчевски дека наводно лицето Бојан Јовановски имало службено обезбедување од МВР.
-Тоа апсолутно не е точно. Бојан Јовановски немал службено обезбедување од МВР. Непрофесионално и неетички е Трајчевски, кој е на чело на регулаторно тело на кое му е работа да ја штити јавноста од дезинформации и да внимава на етиката во известувањето, самиот да шири дезинформации, се вели во демантот на Министерството.
Боки Јовановски, кој е неофицијален сопственик на 1ТВ беше уапсен на граничен премин, а е првоосомничен во случајот „Рекет“, каде наводно со луѓе од СЈО успевал да врши рекет на бизнисмени.