14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Русија повеќе не е должник на Македонија

Министерството за финансии на Русија соопшти дека го подмириле долгот кон Македонија, останата од времето на СССР во рамките на трговско-економската соработка.

Станува збор за сума од 60,6 милиони долари, кои СССР и ги должела на СФРЈ, односно дел од сумата која требало да ја добие нашата држава.

Со овој потег, Русија ги израмни сметките со сите држави од поранешна СФРЈ, освен со Босна и Херцегодина, чиишто финансиски односи се уште не се средени.

поврзани објави

Последни објави