Шестчлено семејство од Тетово се прехранува со бајата храна, која им ја даваат од околните пекари, јавува телевизија „Телма“.
Ѓевреците и переците се тврди, па мајката Љатвије ги става во вода да омекнат, за да може да ги нахрани нејзините четири деца.
Таа вели дека ова им е единствената храна. Фрижидерот е празен, во него чува по неколку пакетчиња макарони, кои им го даваат соседите. Пари за да купи храна нема.
Без работа е, а нејзинот сопруг ги напуштил пред 5 години, за него вели ниту слушнала, ниту пак знае каде е. Единствено примање и е додаток за трето дете, пари со кои ја плаќа киријата за станот во кој живее.
Со Љатвије живее и нејзината свекрва, болеста ја врзува за креветот. Пред неа има еден куп таблети за разни болести. Побарала помош за туѓа нега, но веќе трета година нема позитивен одговор.
Извор: Телма