Новиот министер за животна средина Насер Нуредини, кој дојде на местото на Садула Дураку, во интервју за „Алсат“ не одговараше ниту на македонски, ниту на албански, туку на англиски јазик.
Насер е банкар од Виена и е син на познатиот австриски бизнисмен Аки Нуредини, како и зет на академикот Абдулменаф Беџети. Неговиот татко е и сопственик на познатиот ресторан „Соле“ во Виена и потекнува од тетовското село Камењане.
Нуредини во интервјуто за телевизијата вели дека интензивно работи на откривање на главните загадувачи на воздухот и дека владата ја истражува можноста за финансирање на нови начини за затоплување на домаќинствата, како и на институциите.
Како приоритет број еден, рече дека се потребни и решенија за проблемот со нелегалниот отпад и депониите.