11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Богојески: Овде се живее од сеир, си се забавуваме со епизоди за Кики и Дики додека младите се иселуваат

Петар Богојески: ,,Никој не анализира дека во Македонија најмногу се живее од сеир! Што ќе ни е плата?!? Си имаме ние нови епизоди со Кики, Тики, Дики… од серијалот Сештоики…

А името зошто го сменивме? За нова епизода на Оки?

Младите не сакаат епизоди од серијалот Сештоики… ги интересира плата! Затоа заминуваат, да нема после што и како! Зашто нормалниот свет го интересира ова:

“И покрај солидниот раст Македонија останува закотвена речиси на дното во Европа според висината на просечната плата. Со нето приход 25.270 денари односно 411 евра зад нас се само неколку држави.

Во последните десет години просечната плата во Македонија пораснала за околу 20%.

Просечната плата во 2010-та била 20.330 денари, во 2014-та 21.327, во 2016-та 22.254, во 2018-та 24.025 и во 2019-та 25.270 денари.

Од друга страна во Бугарија платите за последните десет години (од 2009 до 2018 година) пораснале за неверојатни 87%.

Во Романија платите пораснале за 34%. Следат Полска со 30%, Латвија 21%, Литванија Словенија и Естонија со 20% и Чешка со 17%.”

поврзани објави

Последни објави