11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО ДПМНЕ: Граѓаните ќе стават крај на неодговорното работење на Андреј Жерновски

Илија Илијовски, Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар и советник во Општина Центар, во изјава за медиумите рече дека „граѓаните на Општина Центар на следните локални избори ќе стават крај на ваквото расипничко однесување и неодговорно работење на Андреј Жерновски“.

„Помина времето на слаткоречиви политичари кои многу ветуваат, а ништо не работат.

Ова треба да му биде јасно на неработникот Андреј Жерновски кој ја заборави својата предизборна програма и ветувањата содржани во неа.

Жерновски во својот мандат безброј пати покажа и докажа дека не му се важни граѓаните и нивните реални потреби и проблеми.

Жерновски ги изневери центарци.

Додека си прави прескапи забави и боемски улици граѓаните се натрпани со реални потреби како што се, немање училишта, градинки, немање реновирани и убави улици, ниту пак паркинг место каде што може да се паркираат.

Доколку мисли дека граѓаните ги забравија неговите ветувања, Жерновски се излажал.

Граѓаните не забораваат, а сега и ќе го потсетат што ветуваше, а никогаш не оствари за време на својот мандат.

– Во однос на колективното домување, Жерновски ветуваше дека во станбените згради ќе обезбеди редовен преглед и одржување на лифтовите и ќе набави противпожарни апарати во влезовите и надворешно осветлување, но никогаш од ова ништо не беше исполнето.

-Тој ветуваше и оформување на општински совет за мал бизнис, формирање на бизнис центри, оформување на микро бизнис инкубатор.

– Најавуваше и целосно уредување на дворовите за сите детски градинки, како и бесплатна чаша млеко или парче овошје за секој ученик.

– Вети поставување 20 мини чешми низ цела Општина, кои никогаш не беа поставени, а веќе постоечките воопшто не се одржуваат.

Неработникот Жерновски е веќе прочитана книга кај граѓаните на Центар. Тие веќе не му веруваат на неговите лаги, интриги и политиканство.

Жерновски е прв во редот на градоначалниците кои не направиле ништо за својата општина и за своите граѓани и единствено ќе биде запамтен по Боемските улици и скапите Ди-џеи.

поврзани објави

Последни објави