Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва, во рамки на информативниот преглед во 20 часот, ќе биде гостин на ТВ НОВА.
Со оглед на тоа дека во изминатиот период се случија многу работи на македонската политичка сцена, ова ќе биде одлична шанса да се слушне ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за одредени прашања кои ја засегаат целокупната македонска јавност.
Програмата на ТВ Нова можете да ја следите преку сите национални и локални кабелски оператори и на интернет преку порталот www.tvnova.mk.